На 07.12.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.