Љупчо Палевски – Палчо е дел од полициски култ и прави култ позади себе. Симболот на неговата партија, на неговата емсиија е црното сонце. За граѓаните да знаат за што се работи, црното сонце е симбол на најекстремните секти во време на фашизмот помеѓу двете војни, најекстремните. Значи тоа СС, тоа се извршители, најекстремните. Тоа е симболот, тоа е оној круг, со црни точки, изјави вечерва новинарот Драган Павловиќ Латас во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на телевизија Алфа.
– Оние кои го гледале од Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот“ вториот дел, Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, братот на престолонаследникот и кралот српски Александар Караѓорѓевиќ, е избркан од дворот и прогласен за луд заради тоа што го почитувал тој култ. Избркан и прогласен за луд, никогаш не го третирале како кралско семејство. Замисли ти кои симболи се влечат тука, вели Латас во гостувањето.