Медиумите досега информираа дека осомничените за организирање и помагање за убиството на Вања се затворени во посебни ќелии, а кога останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките.
Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.
ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“
На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :
„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, пишуваат ММС.
А тој одговор уште повеќе ги изреволтирал сите – и притворените, и затворените и вработените.
За Манев, откако се дозна дека е еден од виновниците за смртта на Вања, се кажа дека е татко на две ќерки. Едната е мажена и од неа има внуче, додека другата ќерка не е.
Извори за ММС велат и дека слични прашања биле упатувани и до таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој, велат за ММС, откако пристигнал во Шутка само молчел.