Македонскиот новинар Кристијан Ландов, чии снимки од пред Кривичниот суд при носењето на осомничените го обиколија Балканот, во изјава за српскиот портал Нова.рс открива досега непознати детали за семејството Ѓорчевски, пред се за таткото Александар, кој е еден од шестмината осомничени за случајот кој ја згрози Македонија, но и целиот регион. Новинарот Ландов за Нова.рс изјави дека Александар Ѓорчевски е познат како „проблематична личност“.
– Таткото на Вања се сомнева дека на убиецот му открил како и каде ќе се движи Вања тој ден. Затоа убиецот точно испланирал се. Според кажувањата на оние кои го познаваат, таткото Александар бил проблематичен човек, коцкар и наркоман. А потекнува од богато семејство од Скопје, татко му бил директор на фирма и работел во Полска. Неговата бесчувствителност ја шокираше јавноста, кога им подигна два палци на новинарите при спроведувањето во судот, раскажува Ландов за Нова.рс.
Според него, полицијата се сомнева дека тој должел пари поради коцкање, додека мајката на Вања продала два стана. Исто така, потврдува и дека дедото на Вања по мајка бил угледна и богата личност во Скопје.
– Дедото на Вања по мајка и целото семејство биле угледно и богато семејство. Дедото на Вања, Вангел, по кого го добила името, бил директор на царината, а нејзината баба била од познато влашко семејство. Мајката на Вања живеела со двете ќерки во станот на зградата што ја изградил Палевски, затоа се било прецизно испланирано околу нејзиното киднапирање. Судска медицина ја заврши обдукцијата и според првичните информации таа била убиена со пиштол од страна на Палевски. Нема официјални информации дали киднаперите барале пари, тоа ќе го покаже истрагата. Многу е чудна изјавата на мајката која рече дека таткото има чесна работа и дека се во добри односи, вели Ландов за српскиот портал.
Како што истакна самиот новинар, обдукцијата на Вања е завршена и се очекува нејзините резултати официјално да покажат како била убиена тинејџерката, додека клопчето околу вмешаноста на таткото и односите во семејството на Вања секој ден се расплетува се повеќе.