Среќен крај има случајот со исчезнувањето на 34-годишната Крисантис Мухтаропулос, чија судбина не се знаеeше од петокот на 2 декември, кога исчезна од куќата во која живеела со семејството во близина на Солун. За исчезнувањето на 34-годишната жена тревога беше објавена и од органзиацијата „Насмевката на детето“, а во потрагата по неа помогнале и спасувачи волонтери.
Неизвесноста со 34-годишната девојка денеска заврши, со што се стави крај на маката на нејзиното семејство кое со денови избезумено ја бараше. Според информациите, 34-годишната девојка била забележана од граѓанин околу 20 часот во ресторан во месноста Тумба. Пред неколку дена се појави информација дека таа кружи на овие простори, додека нејзината локација ја потврди и „Насмевката на детето“ со своето соопштение.
Според Ирини Патулиду, семејна пријателка на 34-годишната жена која зборувала за грчките медиуми, жената била забележана и во неделата попладне во пекара на улицата Ламбраки.
Според семејството на жената, таа неодамна била жртва на малтретирање од страна на некој од нејзиното работно опкружување во фирмата во главниот град каде што работела и оттогаш се соочувала со психички проблеми.
Во изјава за protothema.gr, нејзината мајка објаснува дека гледајќи ја ситуацијата со која се соочувала 34-годишната во Атина, а особено однесувањето на еден од нејзините колеги, семејството одлучило Криса да се врати во својот дом во Солун и да добие психолошки поддршка од специјалисти. Можеби причината поради која го напуштила домот, како што вели нејзината мајка, била тоа што се плашела да не ја однесат на клиника, бидејќи не сакала да ја земе терапијата што ја препишал лекарот.