Пред пунктот на МВР кај полициската станица “Пролет” се случил инцидент каде на повозрасен маж кој долго време чекал на ред за документи му се слошило и се струполил на земја.

Граѓаните кои биле сведоци на глетката за Плусинфо изјавиле дека веднаш била повикана брза помош каде на човекот му е навремено укажана целата потребна нега.

Причината поради која на пациентот му се слошилo според лекарите е долгото време кое тој го има поминато на нога.