Загрепската урбана населба Дубрава вечерва е полна со полиција. Блокирана е улицата Максимирска. Автомобили се судриле на улица, дошло до верижен судир во кој учествувале најмалку седум возила. На видеата се гледаат и мажи во фантомки како шетаат, некои лежат на требникот, а полицијата уапсила најмалку четворица, објавија доцна вечерва хрватските медиуми.
Полицијата испрати соопштение дека во 20 часот и 50 минути на раскрсницата од улицата Мандлова и улицата Максимирска привела четири лица. Станува збор за мажи кои се осомничени дека извршиле кривични дела тешка кражба со упад во станови.
Сè уште не е позната поврзаноста на споменатите настани, судирот и апсењето. Како што дознаваме од терен дошле неколку возила на Брза помош кои ги пренеле повредените.
– Бев во задниот дел од автомобилот, во еден момент надвор почна нагурување, сите почнаа да врескаат и да викаат – изјави жена која била сведок на настанот.
– Се се случи брзо, не ни сфативме што се случува – велат очевидци.
– Луѓе се шетаа со фантомки, вооружени, некои лежеа на тревникот, се е полно со полиција – велат очевидци.
Во моментов е затворен патниот сообраќај од Максмир кон Дубрава.