Во вчерашната несреќа загинаа СИТЕ пет лица кои беа во монтажен лифт на градилиште во Шведска, соопшти обвинителот. Властите претходно известија дека неколку лица се тешко повредени кога лифт паднал од висина од 20 метри во Сандбиберг, предградие на Стокхолм.

Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата, а работата на градилиштето е прекината. Вишиот надлежен обвинител Гунар Јонасон потврди дека во тек е прелиминарна истрага во која учествува и Националната комисија за сообраќајни несреќи поради сомнение за „нарушување на работната средина што предизвикало смрт на друго лице“.

„Ова е сериозен инцидент што сега го истражуваме“, рече тој. Тој додаде дека властите работат на утврдување на идентитетот на жртвите и воспоставување контакт со нивните роднини.

Портпаролот на компанијата што го произведува лифтот за таблоидот Афтонбладет вчера изјави дека овој тип на лифт се користи ширум светот повеќе од 20 години и дека никогаш немало сличен инцидент.