Наследничката на Црнокрак Мики и Светлана вчера (13.12) славеше роденден.
Некогаш слатката буцка, денес е вистинска убавица, и наполни 25 години.
Со роденденски пораки, нејзините пријатели и најблиски и посакаа најубави желби.
Светлана објави фотографија на Инстаграм со прекрасната Моника, која е вистинска наследничка на мајка си во убавината, а на фотографијата има момент и од детството.
„Среќни 25“ , пак напиша нејзиниот татко.
Постарата ќерка Моника која дипломираше на Економскиот факултет веќе тргна по стапките на своите родители освојувајќи неколку титули за убавина.
Порака за среќен роденден на Моника ѝ упати и момчето Виктор.
„Среќен роденден љубов“ – напиша тој покрај споделените фотки.