Јавното обвинителство Скопје побарало од турските власти да се обезбеди комплетен дактилоскопски и ДНК материјал од Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, велат оттаму за „Слободен печат“.
Ваквото барање од ЈО Скопје било упатено преку каналите за меѓународна соработка веднаш откако Палевски беше лишен од слобода во Турција, во градот Баликесир.
Обдукцијата за 14-годишната Вања Ѓорчевска е завршена но резултатите односно наодот уште не е целосно напишан и испратен до Обвинителството, бидејќи се чека на вештачења кои одземаат подолго време.