Полицијата трага по 29-годишниот Марко Давчев од Струмица кој е пријавен за исчезнат во полиција на 9-ти декември.

„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

На социјалните мрежи кружи и апел за доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.

Сосема ново светло на случајот фрла информацијата која се појави пред околу еден час на социјалните мрежи, во која се тврди дека Марко не е исчезнат, туку е заминат кај роднините во странство.

– Еден апдејт за Марко. Не е исчезнат, заминат е кај роднините во странство, напиша на социјалните мрежи Андон Давчев, кој инаку е познат македонски фотограф, а кој има исто презиме како и Марко, но засега не е познато дали се во роднинска врска или тоа е само чиста слулајност.

Засега информацијата не е официјално потврдена.