Марија Шерифовиќ доби бебе, ексклузивно објави порталот „Блиц“. Српската пејачка која победи на „Евросонг“ има син од сурогат мајка.

Детето се родило на почетокот на декември и го доби името Марио.

Шерифовиќ се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството, пишува „Блиц“.

Пејачката и самата ја сподели радосната информација на „Инстаграм“.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша таа под видеото.

Марија Шеривовиќ е првата јавно декларирана ЛГБТ пејачка во Србија.

Македонската публика моментално ја следи во популарното телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со години е дел од жирито.