По двојното убиство со Вања и Панче, македонската јавност се уште е разбранета. За овој грозоморен чин во вечерашното издание разговараме со Проф. д-р Алексеј Дума кој е поранешен директор на институтот за судска медицина.

Во овој случај, според гостинот, треба да има дополнителни прашања од стандардните прашања за судска медицина.

Бидејќи се работи за предистрага јас немам никакви сознанија кои сознанија обвинителот или полициските органи ги имаат. Во секој случај потребно е време, техника и повеќе знаење да се одговори на некои од прашањата. Обдукцијата не може да одговори кој го извршил убиството, но може да утврди како е извршено одземањето на животот, со какви средства. Може да утврди колку време е надживувањето за секоја поединечна повреда. Треба да одговори за причините на смртта. Ваквите сознанија треба обвинителот да ги добие, вели Дума.

Тој вели дека треба да се земе предвид дека за време на предистрагата се добиваат цело време нови информации и се отвораат нови прашања.

Не треба експертите да велат „можеби“ или „мислам“ не. Тие треба да анализираат докази, потенцира гостинот Дума.

На прашањето дали е возможно малолетната Вања била задушена пред да биде пукано во неа, Дума одби да шпекулира и вели дека тоа ќе го докаже истрагата.

Освен оваа случка, разговараме и за авионската несреќа со претседателот Борис Трајковски.

Целиот разговор со соговорникот проф. д-р Алексеј Дума може да го погледнете во продолжение: