Лара Униќ (19) во неделата во Трибуњ (Хрватска) загина во сообраќајна несреќа предизвикана од дрогиран возач, а семејството и пријателите од трагичната девојка ќе се простат во среда на локалните гробишта во Трибуњ, во 14 часот.

За потсетување, полицијата во понеделникот соопшти дека истрагата утврдила дека 57-годишниот возач управувал автомобил со шибенски регистерски таблички, во моментот кога му била истечена возачката дозвола и со присуство на наркотична дрога во неговиот систем. Во возилоти како сопатници биле пронајдени 22-годишник и 18-годишник, кои исто така се осомничени.

– Не ја прилагодил брзината на возилото кон состојбата на коловозот, видливоста и карактеристиките на патот, како и состојбата на возилото, поради што изгубил контрола над возилото, излетал на подигнатиот бетонски тротоар и налетал на 19-годишен пешак. Од силината на ударот и повредите со кои се здобила 19-годишната девојкљ починала на местото на настанот, соопшти полицијата.

Откако 57-годишникот направил сообраќајна незгода, осомничените се оддалечиле од местото на несреќата, без да му укажат помош на повреденото лице.

Осомничените 22-годишник и 18-годишник помогнале 57-годишниот осомничен да не биде откриен со нивното непостапување, со тоа што не го пријавиле делото во полиција.