Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек којшто со пушка во рака на социјални медиуми се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“, во однос на заканите кои политичарите ги добиваат како јавно, така и на социјални мрежи.
Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.
– Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот – кажа Ковачевски.
Ковачевски додаде дека закани има до жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата – рече Ковачевски.