Средното училиште Тамаси Арон во Одореа во Романија се урнало денес попладне, а спасувачките екипи се на самото место. Постои сомнеж дека до рушењето дошло откако работници изведувале работи на приклучување на зградата на канализациска мрежа. До несреќата дошло на објект кој служи како средношколски интернат, а се наоѓа во посед на училиштето Тамаси Арон.
Според зборовите на портпаролот на градскиот совет Зорге Ноемија, во дворот на училиштето биле вршени работи за приклучување на канализациска мрежа кои можеби влијаеле на конструкцијата на зградата.
Според последните информации кои ги пренесуваат романските медиуми, од под урнатините се извлечени четири деца, три средношколки и еден средношколец. Во првиот дел од интервенцијата, спасувачите извлекле три девојчиња (едно е бо многу тешка состојба) на возраст од 16 и 17 години, кои се пренесени во болница.
Четвртото дете е момче кое последно било извлечено од под урнатините и за жал според последните информации починало.