На социјалните мрежи кружи снимка од Бирмингем каде жена туркајќи количка со дете за влакно избегна страшна трагедија. Драмата се одвивала во неделата, во предградието Олтон, во текот на попладневните часови.
На почетокот гледаме жена како турка количка со нејзината двегодишна ќерка, а неколку секунди подоцна пред нив излегува автомобил.
Возилото се движело со голема брзина и којзнае што ќе се случеше ако прво не удреше во бандера, а потоа се превртеше. Сè се случило пред очите на вознемирена жена која успеала да ја турне количката на безбедно и да го избегне најлошото, пренесува The Sun.
Додека сведоците се обидувале да видат што се случило со возачот, жената седнала на столот пред блискиот ресторан, држејќи го детето во раце.
„Беше во шок, ѝ беше помогнато на лице место“, изјавил работник од локална продавница.
Детето и возачот се пренесени во болница со полесни повреди кои не се опасни по живот. Полицијата најави истрага.
It is a miracle that the mother and her child escaped serious injury in this incident in Solihull.
I am concerned that the driver has not been arrested and have asked the Police for more information.
If we are to reduce danger on our roads we need to learn from every collision. pic.twitter.com/joIIA4sGLR
— Adam Tranter (@adamtranter) December 18, 2023