На масовниот убиец Давид Козак (24) можеби му помогнала неговата девојка. Чешката полиција ова го потврди на репортерот на холандскиот Volkskrant кој бил на местото на настанот. Девојката, за која засега не се соопштуваат повеќе детали, наводно се обидува да побегне во странство.
Според чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан, полицијата пронашла „голем број оружје и муниција“ во зградата на универзитетот.
„Можевме да имаме многу повеќе жртви доколку полицијата не дејствуваше толку брзо“, рече тој. За одбележување е дека 24-годишниот стрелец имал дозвола за оружјето со кое ја предизвикал трагедијата.
Истрагата сега мора да открие како точно ја добил оваа дозвола.
„Нема ништо што сугерира дека злосторството е поврзано со меѓународен тероризам“, изјави Вит Ракусан за новинарите.