Сообраќаен колапс во буквална смисла на зборот се случуваше попладнево во Скопје.

Речиси да немаше булевар, раскрсница и семафор каде колоните возила не стоеја во место.

На Инстаграм се појави и видео направено од центарот на градот каде од една висококатница се гледа во каков хаос бил главниот град ова попладне.

Некои коментираат дека има граѓани што се уште не се пристигнати дома…

View this post on Instagram

A post shared by KAMAJ ™ (@_kamaj.net_)

По колапсот се огласија и од МВР

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, соопштија од МВР.

Исто така се огласија и од градот Скопје одбегнувајќи сносување на одговорност.

Јавниот превоз се реализира согласно утврдениот возен ред актуелен за овој период од годината (зимен возен ред).

Се регистрираат доцнења, во разумни интервали, кои се должат на надворешни фактори (пренасочен сообраќај поради согласности на времени режими издадени од СВР за градежни работи, сообраќајни незгоди на редовна траса, исклучена светлосна сигнализација за поминување на делегации и слично) кои влијаат на застој/забавување не само на одвивањето на јавниот превоз, туку на целокупниот сообраќај.