Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово – Скопје и Скопје – Велес, а забавено е одвивањето и на сообраќајот во главниот град.

На Меѓународниот аеродром Скопје, според информациите од аеродромската веб страница, најавени се доцнења за дел од летовите, но нема откажани.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.