Соседна Грција е потресена од бруталното убиство на 71-годишниот маж од страна на неговиот 16-годишен син во Каливија во петокот вечерта (23.12).

Како што произлезе од истрагата на властите, 16-годишниот син кој го признал убиството, синоќа околу 21 часот се вратил во куќата во која живеел со својот татко, додека претходно бил во центарот на Атина со својот брат.

Потоа, кога неговиот татко се вратил во нивното живеалиште околу 21.20 часот, пријавениот чекал на влезот од главната врата на првиот кат, имајќи во себе два ножа и во моментот на неговото влегување го нападнал со нив удирајќи го повеќепати во пределот на стомакот, градниот кош, вратот и лицето, при што му нанел смртоносна повреда.

Седумдесет и едногодишникот се обидел да се спаси, спуштајќи се по скалите од резиденцијата , се додека не завршил во дворот од приземјето, каде било пронајдено неговото тело. Веднаш по злосторството, 16-годишникот телефонски контактирал со пријател , како и со мајка му и брат му, известувајќи ги за делото што го направил.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и продолжила со апсење на 16-годишникот. Како што е утврдено, 71-годишникот имал повеќе рани во градната празнина, стомакот, левото око и левото уво.

Истражителите на ЕЛАС се обидуваат да ги спојат парчињата од сложувалката за бруталното убиство на 71-годишникот од неговиот 16-годишен син што се случи во петокот вечерта во Каливија.

Според информациите од полициски извори, малолетникот наводно тврдел дека она што го натерало на вакво злодело е наводно хроничното малтретирање што тој, неговата мајка и неговиот 19-годишен брат го претрпеле од рацете на жртвата. Толку голео малтретирање што, според зборовите на 16-годишникот, неговата мајка и постариот брат биле принудени да го напуштат домот и да живеат на друго место.

Од друга страна, 16-годишникот живеел со својот татко и го чекал денот да стане полночетен за да си замине и тој. Но, не издржа, како што рече, и синоќа го убил нанесувајќи му многу рани.