За првпат во Mакедонија изведена операција на мозок кај буден пациент-сторија на Kанал 5. „Добра е? Движи ли рака нога? Се е во ред, добра и е раката. Зборува? Ајде кажете ми од каде сте? Каде сте родиле? Битола. Од Битола! Браво одлично!

42 годишна пациентка за време на операција на мозокот е свесна зборува со анестезилогот. За прв пат на Клиниката за неврохирургија направена е операција на мозок кај пациентката, а за време на интервенцијата била свесна и разговрала со анестезилогот. Операцијата е направена од тимот на неврохирурзи предводен од Филипче заедно со хирурзите Рендевски и Жупановски и тим на помлади доктори и медицински персонал. Филипче вели дека свесен пациент за време на операција е можно и многу полезно бидејќи додека се отстранува туморот има комуникација со жената со цел да не се повредат нервите на органи кои се во близина на туморот.

За оваа интервенција клучен е анестезилогот. На оваа операција анестезилогот бил Игор Лазиќ од Србија од клиниката за неворхирургија. Тој вели дека за ваков тип на анестезија е потребен баланс во делот на анестиците и анестезијата. Ова е важно бидејќи пациентот е буден, но нема болка или било какво страдање за време на операцијата.

-Пациентот е успиен на почетокот. Но, кога ќе се дојде до лезијата која треба да се отстрани која е многу комплицирана во тој момент се прави будење на пациентот без посебно напнување на пациентот кои не би му одговарале на пациентот. И многу е специфично што во тој момент додека трае операцијата на отворен мозок пациентот се разбуди. Тогаш пациентот мора да соработува со вас да зборува константно додека главниот хирург и асистентите оперираат и тоа бара мултидисциплинарен пристап. Потребно е пациентот да помине една психолошка подготовка.

42 годишната пациентка имала голем тумор на левата страна од главата. Еден од симптомите е што таа на возраст над 40 години добила епилептичен напад и тоа било знак за итна магнетна резонаца каде била потврдена состојбата. Вакви интервенции во годината имало и до четири, но пациентите оделе на лекување и операција во странство.