Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 16 часот на патот Кула – Руски Крстур во Војводина загина Милош Милојковиќ (33) од Кула. Несреќата се случила кога на Милош, кој се враќал од Крстур со возило „опел кадет“, во неговата лента од спротивната страна преминал друг автомобил, кој несреќниот млад човек не можел да го избегне. Дошло до директен судар при што двете возила излетале од патот.
Несреќата ја предизвикал возач на патнички автомобил, кој се обидел да претекне друго возило, според информациите на очевидците, кои им биле пренесени на роднините на починатиот Милош. Наводно, тој возач, кој се здобил со тешки повреди, но останал жив, бил под дејство на алкохол.
Во домот на починатиот млад човек неговите најблиски роднини останале без зборови од болка. Милош зад себе ги остави сопругата и двата сина на три и една година, мајка и помлада сестра. Неговиот татко починал пред 10 години.
– Беше прекрасен, насмеан, дружељубив… Ваква личност ретко се раѓа. По презимето и од милост сите го викаа. Имаше многу кумства, затоа што венчаше многу парови и им ги крсти децата. Покрај тоа, тој беше исклучително вреден. Работеше во фабрика во Бачка Топола, а се занимаваше и со трговија со автомобили – изјавила неговата кума и сосетка.
Телото на загинатиот млад човек е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, а погребот ќе се изврши утре во 15 часот на Градските гробишта во Кула.