Младата пејачка Милица Павловиќ вечерва одржа концерт пред публиката во белградска арена, но публиката падна во транс дури кога на сцената се појави музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која во предизвикувачки костим предизвика овации со првите чекори во големата сала во Нов Белград.
Имено, Карлеуша носеше специфична јакна во розова боја, специјално дизајнирана за оваа пригода, додека под неа на градите и колковите носеше црн костим во форма на револвери, додека на извајаната позадина имаше – куршуми!
– Драг Белград, драга Милице, не знаеш што доби вечерва… Доби тајно вооружување вечерва – рече Јелена пред присутните, кои ја поздравија со аплауз.
Инаку, познато е дека Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ се многу блиски.