Она што КОД го дознава е дека осомничените го планирале киднапирањето на Вања, точно знаеле кога и каде ќе се движат, а за да си го направат планот ја опсервирале и зградата и рутата. Знаеле на кои камери би биле уловени, но и каде има мртов агол, објавено е вечерва во емсиијата КОД моја се емитуваше на телевизија Телма. Сознанијата на КОД се и дека осомничените имале план на 24 ноември, односно петокот, наместо три дена подоцна, да го извршат злосторството, но се премислиле бидеји било премногу прометно утрината.
– Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во возилото еден час пред грабнувањето, накај 6:30 часот утрината. Сознанијата до кои дојде КОД, се дека ќе направат еден круг со ситроенот, преку улицата Орце Николов и калдрмата која води накај Општина Центар, по што ќе се вратат пред зградата. Стрпливо ќе чекаат на паркингот каде камерите нема да ги уловат. Љупчо Палевски- Палчо ќе им се придружи подоцна. „Папата“ како што го нарекувале Палевски останатите осомничени им ја продавал приказната за партијата ДЕСНА во која биле членови и како е потребно да собираат пари за да учествуваат на наредните избори. Парите засега се и главниот мотив за грабнаувањето и убиството на Вања. Четири камери на „Сејф Сити“ поставени на булеварот Илинденска, всушност не го снимаат влезот на зградата. Не го снимаат ни околните објекти кои имаат поставено приватни камери. Влезот е во мртов агол, кој им овозможил на грабнувачите, пред и по грабнувањето, воопшто да не бидат забележани на камера. Тоа укажува дека биле дообри информриани за видео надзорот, објавува КОД.
Во 7:22 часот Вања излегува од дома, ја грабнувата тројцата мажи во влезот на нејзината зграда, добро позната на Палевски, не само што ја изградил, туку имал и клуч од просторија во подрумот која претходнр била во негова сопственост. Во таа просторија, според сознанијата на КОД, е однесена Вања. Ја врзуваат за раце и нозе, ја ставаат во вреќа за спиење. Ситроенот одеземен претходно од велешанецот Панче Жежовски е надвор, Вања ја сместуваат во багажникот. Неслучајно местото каде што е грабната е внатрешноста на зградата, во објектот не може да се пристапи без клуч или некој да ви отвори откако ќе заѕвоните на домофонот. За грабнувачите тоа не било проблем, што покажува дека се било претходно добро осмислено.
Неколку минути подоцна во 7:27 часот, ситроенот полека тргнува. Многу е веројатно дека има утврдена рута и време, бидејќи веднаш му се придружува реното канго, практично возилото во кое е Палевски излегува пред ситроеонот во еднонасочната улица во Дебар Маало. И двете возила се движат премногу бавно, како да се движат пешаци, а не автомобил. Бавното движење ја покажува веројатноста дека тие го симулирале движењето на Вања до нејзиното училиште.
Сознанијата на КОД се и дека осомничените имале план на 24 ноември, односно петокот, наместо три дена подоцна, да го извршат злосторството, но се премислиле бидеји било премногу прометно утрината. Тоа значи дека ситроенот не бил рпвпат забележан на камерите на „Сејф сити“ како што тврди Оливер Спасовски, забележан е и на камери во Велес на денот на исчезнувањето на Жежовски на 22-ри ноемри.
Истиот ден рано утрината на кобниот ден за Вања, ќе наполнат бензин во канта во близина на седиштето на нивната партија ДЕСНА, со цел да го запалат возилото и да ги сокријат трагите. Целата реконструкција погледнете ја на видеото објавено од КОД: