Роднините, пријателите и познаниците на 18-годишниот Јанис и 17-годишната Панајота се акршени поради смртта на двајцата млади во сообраќајна несреќа во понеделникот рано наутро во Врилисија, Грција.
Во понеделникот попладне, неколку часа по трагичната несреќа, пријателите на двајцата млади се собрале на улицата Анапаузи каде се случила несреќата и им запалиле свеќи на двете деца.
„Панајота и Јанис засекогаш ќе бидат во нашите срца“ напишаа на транспарентот што го оставија на местото каде што заврши автомобилот во кој се возеле 18-годишникот и 17-годишната девојка.
– Ја пресекоа вратата, не можеа да ги извлечат. Ги видов како лежат мртви и двајцата. Ги покриле со бел чаршаф, а едниот бил преплавен со крв, вели очевидец.
„Автомобилот беше преклопен“
На целосно уништениот автомобил ситроен саксо посведочил и втор жител кој излегол од неговата куќа веднаш штом слушнал силен звук.
„Утрото околу 5 часот бев во куќата во која живеам преку улица и слушнав голем удар и по две минути излегов и за жал го најдов автомобилот преклопен.