Тешка сообраќајна несреќа се случи во Црна Гора во близина на градот Брезојевица, кога во верижен судар на два автомобили загинаа четири лица. Еден од загинатите првиќно ја преживеал несреќата, по што е примен во болница со повреди каде за жал починал.

„Тимот на Ургентниот центар на КБЦ и голем број лекари неуспешно се обидоа да го реанимираат починатиот“, изјави директорот на КБЦ Беране, Милорад Магделиниќ за порталот РТЦГ.

Сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот и 35 минути, кога директно се судриле два автомобили. Како што пренесува Блиц.рс, лекарите неколку часа се бореле да го спасат тешко повредениот снимател на РТВ, М.М. Меѓу загинатите има и брачен пар.

– Иако лекарите од Клиничко-болничкиот центар во Беране неколку часа се бореле да го спасат, тешко повредениот снимател на РТВ „Глас Плав“ Мирза М. им подлегнал на повредите. Така трагичниот биланс од кобната несреќа се искачи на четири жртви. Во Здравствениот дом во Плав почина единецот на неговите родители, младиот Нерон Ц., омилено младо ммче од чаршијата. Мажот и жената чија реанимација не успеала се млад брачен пар – Мерсин Х. и неговата сопруга Елдина, објави Блиц.рс.

Несреќата се случила најверојатно поради брзо возење и престигнување, јавуваат медиумите од регионот.

„На трагедијата и претходеше свадба во Рожаје, која М.М. ја снимаше. Кога свадбената веселба се упати кон Плав и стигна до Брезојевице кај градот, додека ја снимаше колоната за свадбена веселба, дошло до директен судир“, изјавил извор за Новости.

Тој тврди дека по страшниот судир автомобилите летнале во воздух, а едно возило буквално летнало под нив. Во него е повреден 60-годишен возач, кој за среќа ја преживеал трагедијата.

„На патниот правец Андријевица-Плав-Гусиње сообраќајот беше во прекин неколку часа… Причините за трагедијата наскоро ќе ги соопштат сообраќајните вештаци“, јавува Блиц.рс.