Адвокатката Катја Владушиќ почина во Сплит на 68-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.

Таа долги години работеше во најголемиот далматински град и водеше канцеларија во областа Појишан, пишува Слободна Далмација. Таа исто така беше член на Адвокатската комора на сплитско-далматинската жупанија, која е дел од Хрватската адвокатска комора.

На пошироката јавност таа беше најпозната по тоа што го застапуваше Иван Цвитанушиќ, професор од Сплит кој во правен спор против италијанската држава еднаш бараше отштета од вртоглави 800 милиони евра.

Последното збогување на адвокатkata Владушиќ ќе биде во среда, на 27 декември, во 12:30 часот на гробиштата Ловринац во Сплит.