Пријателите, соработниците, познаниците со неверување ја примаат веста за ненадејната смрт на еден од најнароднидните, најширокогради и достоинствени родољуби кои што Македонија ги имала во последно време.
Кристијан Јандриоски во текот на вчерашниот ден само што го прослави својот 50 роденден за денес да се случи ова.
Негова последна јавно споделена роденденска желба беше:
“Боже чувај ја Македонија🙏. Тоа е мојата денешна роденденска желба. Да сте ми живи и здрави и сите вие.”
Нека Господ-Бог му го осветли патот до вечноста во рајот, од каде сигурно ќе зрачи со небесна светлина кон ова парче Македонска земја. (bregalnicki.mk)