ТВ21 го истражи профилот на 59 годишникот кој е осомничен за двојното убиство, според податоците во полиција, истиот бил уапсен на 22 февруари 2021 бидејќи со оружје му се заканувал на лекарот од селото.

Мотивите се уште не се откриени, но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера рече дека до оваа трагедија дошло поради нерешени имотни прашања.

Двајцата убиени во тетовско Челопек се татко и син на возраст од 52 и 28 години, а повредениот е 58 годишен, сите роднини на осомничениот за убиството, 59 годишниот со иницијали И.И.. Од МВР велат дека на местото на настанот пронајдени се 3 пиштоли.

Полицијата излезе со дополнителни детали за трагедијата што се случи вчера во Челопек, каде беа убиени две лица а едно беше повредено како и лицето кое го извршило убиството. Полицијата веќе ги идентификувала двете жртви.

Убиецот и убиените

Двајцата убиени на 52 и 28 годишна возраст се татко и син, ранетио е 54 годишен, сите роднини на осомничениот за убиството, 59 годишниот И.И.