Во крвав напад утринава, околу 10 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Велика Горица во Хрватска, пензиониран механичар со пушка ја убил сопругата, мајка си, а потоа и себеси. Начинот на кој го извршил злоделото ја прави уште пострашна и онака ужасната слика на настанот.

По расправија која избувнала утрото во нивниот семеен дом на улицата Загребачка, Звонимир Дрводелиќ, облечен само во долна облека и со пушка во рака, ја бркал сопругата која се обидела да побегне од лудиот насилник. Таа бегала по улица во должина од неколку десетици метри, а повикувајќи се на помош се обидела да се спаси дотрчала до блиската цвеќара.

“Помош! Помош! Звонко ќе ме убие!” извикала таа, според очевидци, додека се обидувала да најде засолниште. Истрчала во цвеќарницата и се заклучила во тоалетот, но Дрводелиќ ја нашол.

– Слушнав истрел, звучеше како петарда и мислев дека е соодветно на тоа по повод претстојната Нова година. Но, набргу потоа слушнав лелек и побрзав во цвеќарницата да видам што се случува. Внатре биле продавачката и уште еден сосед. Сè беше полно со крв. Продавачката во цвеќарницата ни рече да повикаме полиција, а жртвата викала да и помогнат бидејќи ќе ја убијат.

Жртвата се затворила во тоалетот, но не ја заклучила вратата. Тој човек пукал низ затворената врата од тоалетот. Се започна околу 10 часот, а во 10:04 го упативме првиот повик во полиција. Повторно им се јавивме во 10:12, но ни рекоа дека веќе се на пат и навистина брзо дојдоа после тоа – изјави очевидецот на ова страшно злосторство. Тој и неговата мајка се уште се во шок од она што го доживеале.

Засега не се знае дали на убиството на неговата сопруга му претходело убиството на мајката на Дрводелиќ. Имено, според едната верзија на настанот, тој прво ја убил мајката, а потоа трчал по сопругата, а според другата, наводно се вратил во својата куќа на околу 30 метри и потоа со пушка ја застрелал мајка си.

Дрводелиќ потоа се забарикадирал во куќата, а целата полиција, вклучително и припадници на специјалната полиција и на антитерористичката единица, силно вооружени и со балистички штитови во рацете, пристигнаке на местото во случај да мора да упаднат во куќата во која бил вооружениот убиец.

Поради опасност Дрводелиќ да пука кон полицијата или во случајни минувачи, полицијата неколку стотини метри ја опколи улицата Загребачка и му забрани на секој да влезе во оградениот простор. Во меѓувреме, барем како што можевме да слушнеме на местото од каде што бевме, почнаа повиците на Дрводелиќ да се предаде.

„Спуштете го оружјето, фрлете го оружјето“, извикувале полицајците. Меѓутоа, како што подоцна се испостави, Дрводелиќ веќе бил мртов во тој момент, откако си го одзел животот можеби дури и пред да дојде полицијата пред куќата.

Полицијата утврдила дека Дрводелиќ незаконски ја поседувал пушката со која го извршил делото. Како што ни кажаа соседите, Дрводелиќ живееле во катни згради. Звонимир и неговата сопруга Марија, која ја убил, живееле горе, а мајка му Вероника, втората жртва на убиецот, долу. Иако полицијата и Центарот за социјални работи никогаш не интервенирале во тоа семејство, се знаело дека имало жестоки расправии меѓу сопружниците.

-Беше груб, многу љубоморен и егоист, а знаеше и да пие – ни рече еден од соседите. За неговата сопруга Марија имаат само пофални зборови. Велат дека сите во соседството ја обожавале, и дека била подготвена да им помогне на сите. Истото го велат и за мајката на Звонимир, која барем според раскажувањата од соседството секогаш би застанала на страната на Марија во расправиите меѓу синот и снаата. Многу е можно дека токму тоа била една од причините зошто Звонимир решил да ја убие и неа откако ја убил својата долгогодишна сопруга.

Звонко Дрводелиќ целиот свој работен век го поминал како авионски механичар во воздухопловно-техничкиот центар во Велика Горица. Таму се вработил дури во поранешна Југославија, на почетокот на 80-тите години, кога компанијата се викала Змај и се занимавала со поправка на борбени авиони на ЈНА. Колегите кои работеле со него тврдат дека тој бил професионален механичар.

Тврдат дека бил кавгаџија и агресивен и дека не сакал авторитети. Според нив, тој не бил многу социјален човек. Не сакал да се дружи со колегите, ниту пак доаѓал на прослави на фирмата. Најдобар пример за неговата личност е фактот што никој од неговите најблиски колеги не знаел кога се пензионирал пред околу три години. Едноставно никому не кажал дека заминува.

Полицијата до попладнево вршеше увид на местото на настанот и сослушуваше сведоци за да може со сигурност да потврди како точно се одвивал настанот. Сепак, тоа малку ќе им значи на двете жртви на крвавиот поход на Дрводелиќ.