Британска волонтерка во Украина пронајдена мртва во нејзиниот кревет. Телото на поранешната студентка по хемија Катерина Миелницук (26) беше пронајдено рано на католички Бадник од членовите на нејзината единица, 151. сили за специјални операции. Нејзиното семејство вели дека таа го посветила својот живот на помагање на другите како лекар, како научник, истражувач, но и како пријател, пишува Дејли Меил.
– Таа волонтираше во Украина во последните 18 месеци. Работела во логистичка поддршка и како болничар низ целата земја. Невозможно е да се изрази колку неверојатна жена беше и колку на сите ни се допаѓаше и ќе ни недостига. Касија ја нема, но бескрајната топлина, љубов и благодат што ги донесе на светот никогаш нема да бидат изгубени, се вели во соопштението на нејзиното семејство.
Нејзината смрт беше објавена од украинската волонтерска организација Проект Константин.
Сè што знаеме е дека таа беше пронајдена во нејзиниот кревет на 24 декември 2023 година, а причината за смртта засега не се смета за сомнителна. Засега се обидуваме да ја ублажиме болката на нејзиното семејство и да им помогнеме да дојдат во Украина, објавија тие.
Кат, како што со љубов ја нарекуваа, беше инструктор и болничар во групата наречена „Медицинска закана“.
Пред нејзината смрт таа напиша на својот блог:
– Нашата цел е да им помогнеме на медицинските лица на терен со клучна медицинска опрема и поправки на возила и гориво, со што ќе ги спасиме животите на храбрите странски борци и украинските војници.
На нејзиниот блог беше објавено и дека изминатите 18 месеци волонтирала во Украина, првенствено со групата StaySafeUA, која им давала поддршка на оние што живеат на првите линии на руската инвазија.