Хрватската пејачка Јелена Розга во четвртокот се појави на настап на најголемиот божиќен сам во местото Велика. Многубројната публика уживаше на концертот, а еден фан се потруди посебно. Тој кренал транспарент со сликата на Јелена и порака до неа.
„Зедов боледување поради тебе. Може ли број?“, пишуваше на транспарентот. Розга му се заблагодари, а потоа го праша колку години има. Тој и одговорил „19“.
„А јас пеам 27“, рекла Розга, на што публиката се насмеа, а на крајот само му се заблагодари на момчето.
Овој интересен момент од концертот на TikTok го сподели басистот на Јелена, кој често на својот профил споделува ситуации од нивните настапи под корисничкото име @cico4music.
@cico4music #jelenarozga #rozga #velika #nininacarobnashhhuma #shhuma ♬ original sound – cico