Тешка сообраќајка се случи на патот Скопје-Гостивар во близина на поранешната бензинска пумпа Ата, јавува „Коха ТВ“. Несреќата се случила синоќа околу 21:30 часот.
Според првичните информации, четири лица се повредени, од кои едната жена е во потешка состојба. Фотографиите сведочат на ужасната несреќа, а од нив се гледа дека возилата се целосно уништени. Од силината на ударот, вратите на автомобилите биле заглавени, па пожарникарите морале да ги исечат за да ги извлечат патниците.
(ОБНОВЕНО – ИНФОРМАЦИИ ОД МВР) – СВР Тетово информира дека вчера се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредена 51-годишна жена. Околу 21 часот и 35 минути имало судир на две возила на обиколницата за Тетово на автопатот од Скопје кон Гостивар.
-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки „фолскфаген голф” управувано од А.С (27) од тетовско Ново Село и „опел корса”, што го управувал Н.З.(51) од тетовско Боговиње. Во несреќата, сопатничаката од „корсата” И.З.(51) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.