По релативно топлата новогодишна ноќ, доаѓа заладување во јануари и снежен Божик, под влијание на силен поларен бран од Арктикот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Новогодишната ноќ ќе биде не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сè уште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега.

„Се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран.

Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“ – најавува Попоски.