Шеесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во семејниот дом на подрачјето на Аеродром.

Како што информира МВР, случајот вчера во 17:12 часот бил пријавен во СВР Скопје. Се работи за Ј.Ц.(61) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.