Сара М.(16) од Грција, исчезната на 19 декември, пронајдена е жива и здрава, додека потрагата по нејзината пријателка Анастасија се уште трае.
Медиумите јавуваат дека полицијата ги истражува сите детали за исчезнувањето на Сара, но ја продолжува и потрагата по младата Анастасија за која се уште ништо не се знае.
Девојките исчезнале од своите домови истиот ден, а пред неколку дена „се појави важен сведок од нивната околина“, кој изгледа е одговорен за следење на Сара.
Медиумите потсетуваат дека Анастасија М. е висока 170 сантиметри и тешка 60 килограми. Девојчето има долга црна коса и кафени очи, а во моментот на исчезнувањето носела црна блуза и црни панталони, како и училишен ранец.
Не е познато дали Сара била со неа претходните денови.