Популарниот пејач Аца Лукас беше уапсен за време на акцијата „Сабја“ во 2003 година поради поседување пиштол без дозвола. Во една емисија пејачот се присети на деталите од апсењето и периодот кој го поминал во затвор.

– Пиштолот беше во мојата спална соба, во чантата на сопругата. Кога дојде полиција и ме праша дали имам оружје во станот, веднаш го извадив и го предадов. Направија записник и ме однесоа во Централниот затвор – изјавил пејачот и откри како било во затворот.

– Ме донесоа во затворот околу три или четири часот наутро. Никој од затворениците не го знаеше тоа. Кога влегов во ќелијата, погледнав да видам каде има слободен кревет за да легнам. Бидејќи бев „измрцварен“ , заспав. Се будам наутро и слушам: „Тој е, не е тој“. Си помислив, што сега? Кога четири глави ме гледаат. Се обидуваат да дознаат дали тоа е Аца Лукас. Тоа ми се допадна и веднаш им кажав дека сум јас. Беше незамисливо да се разбудат во затвор покрај Лукас – изјави Аца.

Излегувањето од затвор значеше „слобода“, но не и за Аца Лукас.

– Се откажав од правото на жалба и отидов во „Падинска скела“. Таму беше како бања, можеше да излезеш надвор да тренираш. Кога излегов од затвор бев лут, се чувствував лошо и доживеав семејна трагедија – татко ми почина. Не се случи повторно – изјави Лукас.