Три возила од Србија, Црна Гора и Македонија, се судриле попладнево околу 18:30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум во близина на хотелот “Гранит”.

Во незгодата, како што дознаваме, повредени се осум лица, од кои едно потешко. Сите се пренесени во Специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски истакна дека во незгодата учествувале две возила со странски регистарски таблички и едно возило со домашна регистрација.

На местото на незгодата извршен е увид, а патниот правец Охрид – Св. Наум е оспособен за сообраќај, додаде Димоски.