Вукан К. (18) од Аранѓеловац починал во ужасна несреќа на главниот пат Чачак – Пожега, додека неговата девојка Ј.З. (17) се здобила со тешка повреда на ‘рбетот, по што била пренесена во одделот за интензивна нега на општата болница во Чачак.
– Таа се здобила со тешки телесни повреди на ‘рбетот и била пренесена во единицата за интензивна нега. Нејзината здравствена состојба се следи – потврдеија за агенцијата „Рина“ од оваа здравствена установа.
„Тој беше прекрасно момче“
– Настраданиот Вукан пред само 20 дена наполни 18 години. Син е на угледни лекари од Аранѓеловац, а за него сите имаа само пофални зборови, вели за „Блиц“ извор близок до семејството, кое е завиено во црно по оваа трагедија.
На социјалните мрежи, оваа двојка споделувале емотивни моменти од нивната врска, а во Аранѓеловац сите се занемени од болка и тага.
Двојката се враќала од правец на Златибор, а автобусот со кого се судриле сообраќал од Чачак до Прибој.
Ве потсетуваме, во несреќа што се случи во попладневните часови, момчето (18) загина на лице место кога удри во дива свиња, по што се судри со автобусот што доаѓаше од другата страна.