Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки. Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.
„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29:30 часот, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.
Во следна објава ја споделува и фотографијата од возилото на бензиска пумпа.
🔥🔥🔥 ЕКСКЛУЗИВНО објављујем снимак отмице Вање Ђорчевске од 27. новембра у 07.29.30 часова, као и све друге снимке отмичара које су забележиле камере. Такође ЕКСКЛУЗИВНО објављујем и снимак "отмице" Панча Жежовског, фризера из Велеса. Сазнаћете како је текла истрага и ко је у… https://t.co/yzaSp6tRDw pic.twitter.com/I3huL90i3v
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 4, 2024
„Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот ‘киднапер’“, напишал тој.
Ного, не споделува од каде му се фотографиите и снимките, ниту од која причина ги објавува. Непознато е ниту дали Обвинителството ги поседува овие снимки и слики. Познато е само дека по убиствата, осомничениот за организација и реализација, Љупчо Палевски-Палчо отиде за Белград, каде помина еден ден. Потоа беше и во Ниш. Од убиството на Вања, до напуштање на Македонија од страна на Палчо поминаа четири дена.
Палчо или Панчо? 🤔
Ексклузивно: снимак Панча Жежовског на бензиској пумпи са својим "отмичарем" 👇 https://t.co/upWatMsRAt pic.twitter.com/GhEJBk13c1— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 3, 2024
Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.