Пред неколку минути – 23:52 часот по локално време, Грција ја потресе земјотрес со јачина од 4,3 степени. Според сеизмолозите, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 33,2 километри.

Најсилниот удар е почувствуван во областа Елевсида. Сепак, според првичните податоци, нема информации за материјална штета или повредени лица.

Грчките сеизмолози и власти вршат детални проценки и набљудувања за да се осигураат дека нема скриени ефекти од овој земјотрес.