На ден Божиќ (вчера 7-ми јануари) во 73-та година од животот почина Атанас Којков (1951 – 2024)
Атанас е роден гевгеличанец познат во бизнис круговите како прв директор на модерниот хотел „Југо“ изграден во 1982 година од тогашниот Земјоделско индустриски комбинат „Винојуг“ Гевгелија. Подоцна хотелот го прошири својот бизнис и во областа на игрите на забава ребрендирајќи се во хотел-казино „Аполонија“.
„Југо“ ги донесе модерните гости во Гевгелија, најдобрите изведувачи на свеченото отварање со бесплатен концерт во живо за сите гевгеличани на отворената тераса од хотелот, беше центар за прием на свечените гости, делегации од странство, ја воведе „Шведската маса“ како начин на послужување на широката понуда од кулинарското мени од југот, ги имаше бармените рекордери во подготовка на коктели, беше туристички бренд на Гевгелија под раководство на Којков.
– Денеска, на овој христијански празничен ден, со жалење и изрази на сочувство на социјалните мрежи се простуваат неговите роднини, пријатели, познаници, гевгеличани и пошироко, објаи вчера локалниот портал Гевгелија Нет.
Нека почива во мир!