Големата ѕвезда на африканскиот фудбал, поранешен член на Ливерпул со кого освои Лига на шампиони и Баерн Минхен, Садио Мане во неделата направил свадбена цереномија и се оженил со својата девојка Аиша Тамба која има 18 години.

Мане престојува во својот Сенегал каде се подготвува за големиот Куп на африкански нации кој почнува на 13-ти јануари во Брег на Слонова Коска.

Садио ја запознал Аиша Тамба кога таа имала 16 години но врската ја криеле сè додека таа не станала полнолетна и изминатиов викенд се земале. Таа потекнувала од село близу неговиот роден крај Бамбали каде Мане пред неколку дена отворил нов голем фудбалски терен.

Мане важи за голем исламски верник, а во неколку наврати раскажал како многу девојки го прашувале зошто не е женет, а неколку пати изјавувал дека ќе се ожени со девојка која нема профили на социјални медиуми и не е јавно позната.