Откако на Канскиот филмски фестивал блесна во смела модна комбинација за која се’ уште се зборува, манекенката Бела Хадид повторно е во центарот на вниманието.
Пред само неколку дена супермоделката се појави во фустан на Скјапарели, со сосема откриено деколте. Нејзините голи гради ги прикриваше ѓердан, и тоа не каков било…
Имено, гломазниот ѓердан од позлатен месинг потсетуваше на разгранета крошна на дрво, а директна инспирација се всушност бронхиите.
Сега пак, причина за Бела повторно да биде главна е ветерот, кој го крена нејзиното фустанче и на виделина излезе нејзината долна облека.