Г-дин Атанас Илиев универзитетски професор на ФЕИТ, многу пати во јавноста ја раскажа својата неправедна приказна и децениска борба против оттуѓувањето од својата ќеркичка Лилка. Борбата за Лилка трае од денот кога нејзината мајка ја носи надвор од границите на Македонија и никогаш повеќе не ја враќа.
Постапката во случај на меѓународно грабнување на дете е преку Хашката конвенција која предвидува механизми кои детето веднаш го враќаат во земјата од која е изнесено. Но Лилка 13 години не е вратена дома. Тагата, копнежот, болката и неправдата си го земале својот данок.
– ❗13 години од грабнувањето на Лилка. 13 години борба за правда! ‼️ Секој збор е излишен, здравјето ми го зедовте, слепи и глуви се правевте ….Пишував и говорев многу. Сега, во знак на протест ќе молчам за да сите чуете и разберете: ‼️‼️ Во државата каде сѐ е на продажба, каде владее мито и корупција, продадоа и дете., напиша Илиев денеска на својот Фејсбук профил.
09.01.2011 -09.01.2024
❗13 години од грабнувањето на Лилка. 13 години борба за правда!
‼️ Секој збор е излишен,…Posted by Atanas Iliev on Monday, January 8, 2024
Овој крик на болка е и крик за правда на сите родители кои бесправно и бесрамно се оттуѓени од своите чеда. Оттуѓувањето е тешка форма на семејно насилсто во која сакајќи да му се нанесе болка на едниот од родителите вусшност најмногу и најтешко се повредува детето.
Во продолжение погледнете го прилогот на Сител, каде Илиев во април минатата година говори на оваа тема: