Откриено е која е девојката од виралното видео, кое деновиве кружи, а во кое црнокоса девојка им ги честита Бадник и Божиќ „на православните браќа Срби и Руси и на православниот цар Путин“, а потоа пука со пиштол. Тоа е Д.Ш. од Херцег Нови, против која ќе биде поднесена пријава.

Имено, полициски службеници на Регионалниот центар за безбедност „Југ“ – Одделот за безбедност Херцег Нови, по наредба на Основниот суд во Херцег Нови, извршиле претрес во станот и другите простории, како и во возилото што го користела Д.Ш.

„Полициски службеници го идентификуваа лицето на видеото објавено на социјалните мрежи, на кое женско лице од оружје испука проектили во воздух. При претрес на станот што го користела Д.Ш., пронајден е пиштол, соопшти полицијата.

Како што рекоа, за настанот бил известен обвинителот во Основното државно обвинителство во Херцег Нови, кој изјавил дека во постапките на Д.Ш. нема елементи на кривично дело.

Службениците на Секторот за безбедност на Херцег Нови против неа ќе поднесат прекршочна пријава за сторен прекршок од член 107 од Законот за оружје.