Две лица се ранети после тепачка и употреба на огнено оружје пред Ургентиот центар на Клиничката болница во Тетово вечерва околу 18.30 часот.
Еден од ранетите беше префрлен на Хируршкото одделение во моментот додека на влезот беа новинарските екипи. Едниот од ранетите префрлен е во Скопје.
Засега нема информаци зошто настанала тепачката, кои се учесниците и дали има други повредени.