Едно од трите пронајдени момчиња во Хрватска денеска повторно исчезнало, пишува сајтот Нестали.хр.

Имено, Иван Шнајдар (14) е исчезнат, а тој е едно од трите момчиња кои исчезнаа во последните неколку дена.

14-годишното момче доаѓа од адреса во Загреб, во Брезовица, каде што живее. Местото на живеење е наведено како Петриња.

Полицијата соопшти дека тој е висок 162 сантиметри, кафена коса и сини очи. Има средна градба. Во моментот на неговото исчезнување тој носел сина јакна, црни спортски панталони, бела маица и црни обувки.

Фотографијата која е објавена е од 2020 година.