Период на превирања во СДСМ, велат партиски извори за ТВ21.
Како што објавивме вчера поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев му поставил ултиматум на Ковачевски да се повлече од лидерска позиција во партијата до 28-ми јануари.
Сепак, според она што го дознаваме, Ковачевски воопшто не размислува на оставка.
Причините за несогласувањата се предизборните калкулации и пресметки, како да се настапи на претстојните избори.